„Кожувчанка“ обезбеди одмор за 10 деца од Неготино
18-07-2014 РЕГИОН

На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов а во соработка со македонската реномирана компанија „ Кожувчанка“ од Кавадарци, десетина дечиња од социјално ранливи категории на граѓани од општина Неготино бесплатно ќе летуваат во детското одморалиште во Михајлово.

 

Средствата за целокупното летување во висина од 60.000 денари ги обезбеди генералниот директор на „ Кожувчанка“ Митко Јанчев, а ваучерите на децата им ги доделија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и маркетинг-менаџерот на „ Кожувчанка“ Ратко Мицев.

 

Овие десет дечиња ќе заминат на 8 дневен комплетно бесплатен одмор на 30 јули заедно со друга група на дечиња од општина Неготино и ќе може  да уживаат и да се дружат во детското одмаралиште во Михајлово. Сите информации околу овој аранжман ќе можат да ги добијат во Центарот за труд и социјала во општина Неготино.

 

Како што истакна градоначалникот на општина Неготино Апостолов ова нема да биде последна соработка со „ Кожувчанка“ и се очекува и во иднина да се продолжи соработката со што општина Неготино ќе покаже грижа за ова категорија на дечиња. Децата и нивните родители не ја криеја својата радост и изразија благодарност до градоначалникот на општина Неготино и „ Кожувчанка“.

 

Maja Алексовска

 

 



Share

Додади коментар