Два шлепера со минерална вода „Изворска“ компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци денеска донираше за настраданото население од поплавите во соседна Србија.
Меѓу првите од Македонија, оваа компанија одговори на повикот за помош на луѓето кои се борат со последиците од големата природна катастрофа што ја зафати Србија.
„Денеска во утринските часови од Српската заедница во Македонија добивме писмено барање за донација за засегнатите краеви со поплавите од Србија за донација на вода. Ние како компанија во рамките на нашите можности успеавме да издвоиме два шлепери вода за Србија. Тоа е количина од 50 илјади литри вода или со вредност од околу 8.000 евра“ рече сопственикот на „Кожувчанка“, Митко Јанчев.
Донацијата според планираното ќе пристигне денеска во попладневните часови. Со овој потег „Кожувчанка“ уште еднаш ја потврди својата голема хуманост кон општеството.
A. Данов
Додади коментар