Средношколците од Кавадарци и Неготино со спортски турнир ќе се борат против насилството. Заедно ќе делуваат за подобра младина. Така најавија денес организаторите на почетокот од турнирот кој се одржа на спортските терени при Гимназијата Добри Даскалов во Кавадарци.Иницијативата е дело на МВР и МОН со подршка на мисијата на ОПСЕ во Македонија.
Учествуваа спортски екипи од трите средни училишта во Кавадарци и СОУ од Неготино, а турнирот беше организиран за дисциплините мал фудбал и кошарка за мажи и жени.Во Кавадарци ,,Заедно против насилството,, е организирано од Одделението за превенција при ПС од ОН Кавадарци.
Локално младите се забавуваа со спортски натпревар без прогласување на најуспешните, но сепак правилото на истиот вели најдобрите ќе си обезбедат учество на регионалниот турнир кој ќе се одржи во Велес.
М.М
Додади коментар