Под мотото „Животот со алкохол е ропство – одбери слобода“, општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво Кавадарци спроведува кампња за подигање на свеста кај родителите и малолетниците за почитување на законските прописи и промоција на здрави животни стилови кај младите.
Родителството е една од најтешките улогу кои ги имаме. Се чини дека со годините предизвикот се зголемува, а врвот го достигнува кога децата се во т.н тинејџерски години. Тоа е времето кога се стекнуваат многу вештини, но и лоши навики. Консумацијата на алкохол е една од најчестите. Родителите имаат голема одговорност во превенирање на оваа покјава – велат од општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво и апелираат до родителите, да бидат блиски со своите деца, да разговараат и секогаш да се контактираат децата ако не се вратат дома после полноќ.
Во рамки на оваа кампања против продавање, точење и послужување алкохол на малолетници деновиве беше одржан работен состанок со сите поголеми маркети во градот, угостителски објекти, пивници и тобако киосци.
„Интензивно на оваа проблематика се одржуваат и состаноци на Совети на родители и родителски средби во сите училишта. Целта е иста, да се почитуваат законските одредби и да не се продава или послужуваат алкохолни пијалоци на малолетниците што е кривично дело и да немаме случаи на пијанство до коматозни состојби кај малолетниците кога медицинските екипи буквално се борат да ги спасат нивните животи“ вели Димитар Каракулев, инспектор по превенција во кавадаречката полиција и апелира доколку забележите случај на продавање алкохол на малолетници можете да пријавите веднаш до надлежните институции или на тел.број 192 и да го задржите кратко време малолетникот со алкохолот. Одговорноста е на сите, родители, образование, институции, приватен сектор.
А.Д
Додади коментар