Активистите од НВО Ековита Неготино бараат локалната власт да ја запре целокупната постапка за отворање на депонија, но и да ја поддржат нивната иницијатива против отварањето на депонија....
(интегрален текст) Ние активистите од НВО ЕКОВИТА од Неготино скаме да ј информираме јавноста дека ги повикуваме сите граѓани на о.Неготино да се приклучат на нашата иницијатива и да го дадат својот потпис против депонијата којашто се планинара да се изгради близу Пепелиште. Оваа инвестиција нема да донесе никаков бенифит за граѓаните на о.Неготино, а ќе донсе многу лоши последици по здравјето на граѓаните и многу канцерогени заболувања и смрт.
Затоа ги повикуваме да ни се приклучат на нашата иницијатива и јаво и во писмена форма да ја дадат својата поддршка за чиста и здрава животна средина без депонија :
Г-н Тони Делков, градоначалник на о.Неготино
Претседателот на советот на о.Неготино, г-н Диме Витанов и сите советници на советот на о.Неготино
Градоначалникот и советниците од Советот на о.Неготино ги повикуваме веќе на наредната седница на Совет на о.Неготино којашто ќе се одржи во понеделник(30.12.2019г.), да ја стават на дневнен ред точката за депонија и да ја повлечат целокуппната процедура за понатамошен тек на оваа погубна иницијатива за сите граѓани нао.Неготино. Со ова би покажале дека се за чиста и здрава средина во Неготино и би покажале дека граѓаните кои нив ги избрале, им се на прво место.
Исто так ги повикуваме да ни се приклучат и да ја дадат својата поддршка против изградба на депонија во о.Неготино и :
Г-н Јане Трајков – претседател на ОО СДСМ Неготино
Г-н Златко Пенков – претседател на ОО ВМРО-ДПМНЕ Неготино
Ги повикуваме и јавно и во писмена форма да ни дадат поддршка и :
Сите винарии во о.Неготино, сите НВО, споптрски друштва(планинарски друштва, ловни и риболовни друштва, Фудбалски , кошаркарски, ракометни, шаховски , тениски,карате клубови)...
На граѓаните на о.Неготино им порачуваме: Не плаште се од ништо. Никакви закани, уцени и притисоци нека не ве спречуваат да го исполните вашето граѓанско право и да се потпишете против оваа штетна одлука која смртоносно ќе влијае на сите граѓани во о.Неготино. Затоа секој работен ден од 8.30 до 16.30 дадете го својот потпис во просториите на ДИК, на трети спрат во о.Неготино. За сите нејаснотии и помош слободно можете да ни се обратите нам, на активистите од ЕКОВИТА.
Приклучете ни се и бидете дел од нас. Секој ден се побројни до крајната наша цел – СТОП ДЕПОНИЈА.
Додади коментар