„Дрекслмајер“ со подршка за „Алшар 2017“
12-06-2017 РЕГИОН

Почуствувај ја природата – допри го сонцето, ДРЕКСЛМАЈЕР го поддржа фестивалот под отворено небо во тиквешкиот регион „Алшар 2017“.

 

Компанијата го поддржува и промовира здравиот начин на живот и квалитетното поминато време во природа. Велосипедизам, планинарство, пешачење, кампување. Ова беше изборот на голем дел од вработени во тимот на ДРЕКСЛМАЈЕР кои изминатиот викенд заедно со уште многумина други учесници ги откриваа недопрените предели на Кожув Планина.

 

 

Како семејна компанија особено ни е драго што не изостанаа и фамилијарните кампувања на наши вработени кои го поминаа викендот во прекрасните планински предели. Се придружуваме и на кампањата за промовирање на велосипедот како превозно средство, па така со обезбедување и прилагодување на посебен простор за велосипеди на паркингот на компанијата ги охрабруваме вработените да користат велосипед.

 

„Ме радува што овде има толку многу љубители на природата и велосипедизмот. Го поддржуваме секој обид за промоција и мотивација на луѓето да се рекреираат во природа, но и што повеќе да користат велосипед. Драго ми е што настанот побуди голем интерес и кај нашите вработени во ДРЕКСЛМАЈЕР, а поддршката на активности од овој тип, нема да изостане и во иднина“, вели Лукас Мирингер генерален директор на ДРЕКСЛМАЈЕР Македонија.



Share

Додади коментар