„Дрекслмајер“ донираше транспортно возило на здружението „Мобилност“
20-02-2017 РЕГИОН

Транспортно возило за Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ Велес


Со заедничкиот проект на компанијата „Дрекслмајер“ и Германската aмбасада во Скопје Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на општините Велес, Градско и Чашка - „Мобилност“ Велес доби во сопственост специјално транспортно возило.

За поголема мобилност на членовите на здружението, но и на останатите лица со хендикeп од овој регион, „Дрекслмајер“ го донираше возилото додека пак Германската aмбасада се погрижи за негова комплетна преадаптација, при што се вгради хидраулична рампа за потребите на лицата кои користат инвалидски колички.

 

Остварување на секојдневните потреби како посета на лекар или болничка установа, рехабилитациони и останати активности за овие лица, преставува голема потешкотија. Голем дел од нив имаат потреба од придружник и помош при движењето, а со достапноста на транспортното возило значително ќе се олесни секојдневното функционирање на лицата со хендикеп, но и на нивните семејства или придружници.

„Благодарност до компанијата Дрекселмаер и Германската aмбасада за оваа донација. Специјалното транспортно возило освен за своите членови, Здружението ќе го стави на располагање и на други организации и институции од Велес како Здружението на слепи лица, Здружение на глуви и наглуви, Здружение на лица со церебрална парализа, но и за Посебното основно училиште за деца со посебни образовни потреби “, истакна Горан Здравков, претседател на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на општините Велес, Градско и Чашка - „Мобилност“.



„Драго ми е што имавме можност заедно со Германската амбасада да дадеме придонес и да ја потпомогнеме мобилноста на оваа група граѓани од Велес и неговата околина. „Дрекслмајер“ и понатаму ќе го поддржува овој регион преку различни активности, а секако во делот на планираните социјални проекти лицата со хендикеп заземаат значајно место“ – Лукас Мирингер, генерален директор на „Дрекслмајер“, Македонија



Share

Додади коментар