„Дервен“ повторно ќе го собира габаритниот отпад од велешани
27-02-2015 РЕГИОН

Граѓаните на Велес имаат повторно можност да го исфрлат габаритниот отпад од своите домови. Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во текот на идниот месец ќе ја спроведе пролетната акција. Со претходно закажување на термин, вработени во комуналното ќе го собираат ваквиот смет од домаќинствата. Пријавувањето ќе се прави во јавното претпријатие шест дена во неделата во текот на работното време..

Според правилникот на јкп дервен, граѓаните ќе имаат можност да депонираат делови од мебел. Стари душеци, велосипеди, пружини, санитарни елементи.. Од јавното претпријатие велат дека голем е интересот кај граѓаните. Акцијата се реализира неколку години,  а количните депонират отпад укажуваат дека има потреба од реализирање на оваа пракса..

Инаку акцијата за собирање габаритен отпад е бесплатна. Граѓаните не плаќаат никаков надоместок за реализираната работа. Трошокот за возилото кое доаѓа го подмирува комуналното претприје.

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар