Ученици и наставници од ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ овој викенд беа вклучени во одбележување на “Денот на гравот“ како гости и партнери на ООУ “Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце.
Партнерската соработка помеѓу двете училишта е под покровителство на Мисијата на ОБСЕ во Република Макеоднија и Министерството за Образование и Наука, а е дел од проектот за фондот “Градиме Мостови“.Двете училишта оваа година веќе имаа направено еден заеднички настан и тоа за време на Тиквешкиот гроздобер, кога групи од ученици од двете училишта заеднички учествуваа во Винскиот карневал облечени во народните носии на сите етнички припадности кои живеат во Република Македонија: македонска, албанска, турска, ромска и српска националност.
Денот на гравот во Теарце беше одбележан преку посета на Лешочкиот манастир, новата џамија во Теарце и организирање на продажен штанд од рачно изработени експонати со етно содржина.На сето ова, во секое училиште посебно му претходеа низа работилници наменети за надминување на етничките стереотипи и предрасуди, како и промоција на меѓукултурната соработка и толеранција.
Вработените од ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ велат дека се горди на партнерските релации кои училиштето ги формираше оваа година, а во кои освен училиште од Општина Теарце, воспоставени се и со училиште од Општина Сарај.
Милица Младенова
Додади коментар