„Винотек“ ги награди најдобрите вина и ракии од индивидуални производители
09-03-2017 РЕГИОН
Здружението за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје „ Винотек“ од Кавадарци синоќа ги додели наградите за најдобрите вина и ракии на индивидуални производители кои учествуваа на натпреварот по повод празникот Свети Трифун.
Гран при „златна станушина“ и за ракија со старост над 3 години доби Трајче Грков. За ракија со старост до 3 години беше награден Влатко Тасев.
Виното вранец на Ангел Костадинов во катергоријата црвени вина беше избрано за најдобро од стручната комисија, а за сортно црвено беше награден Сашко Тасев.
Во категоријата бели вина награда за најдобро вино доби Ѓорѓи Наумчев.
A.Д

Додади коментар