СДСМ синоќа претстави низа мерки и проекти од програмата „Визијата за Македонија“ кои ќе се реализирале по земањето на власта. На трибина во Кавадарци се говореше за концептот за подобрување на состојбите во аграрот, енергетиката, животнатасредина и инфраструктурата.
Претседателката на комисијата за земјоделство на СДСМ, Татјана Прентовиќ рече дека лозарите ќе добијат минимална цена за грозјето, 15 за вранец и 13 за смедевката, исплата на грозјето за 60 дена по откупот. Најави ревизија на распределбата на државното земјоделско земјиште.
„ Ќе даваме субвенции на вистинските земјоделци за развој на земјоделството во време кога им се најпотребни пари, во стартот на производната сезона. Регистрираните земјоделци ќе добијат бенефициран стаж. За секои 12 години работа ќе им биде впишан стаж од 13 години. Ќе го укинеме персоналниот данок на доход за земјоделците, бидејќи сега власта преку персоналниот данок им ги зема парите на земјоделците од субвенциите. Ќе се инвестира во нови системи за наводнување, зелена нафта за земјоделската механизација, подршка за преработувачките капацитети на земјоделски производи, подршка на младите фармери, формирање на интервентен фонд за помош на земјоделците во кризни години. Наместо секоја годинa СДСМ во програмата има превидено регистрација на тракторите на пет години, а секоја година да се врши технички преглед на тракторите““ рече претседателката на комисијата за земјоделство во СДСМ, Татјана Прентовиќ.
Пеце Мирчевски, претседател на комисијата за животна средина рече дека со т.н „бомби“ што ги објавуваше опозицијата се откриле голема нееднаквост, корупција и криминал од актуелната власт. „Со проектот „Виситната за Македонија“ покажавме дека се уништени институциите“ рече Мирчевски.
На трибината во делот на енергетиката беше најавено стимулација на граѓаните за производство на струја, зголемување на домашното производство а намалување на увозот со што ќе се заштеделе пари. Претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски нагласи дека струјата од 2006 досега е покачена за 84%. Најави модернзација на ТЕЦ Неготино и ставање во функција.
„Граѓаните од социјално ранливите групи ќе добиваат енергетски ваучери во вредност од 1500 денари за да си ги плаќаат сметките за струја. Ќе воведиме енергетски правобранител да ги штити правата на потрошувачите по либерализацијата на пазарот на струја. Ќе извршиме гасификација на градовите, како што тоа веќе функционира само во Струмица и Куманово“ рече Андреевски.
МНогу нови автопати, регионални и магистрални патишта. Инфраструктурни проекти за подобар живот на сите граѓани наспроти владиниот проект Скопје 2014 најави претседателот на комисијата за транспорт и врски Благој Бочварски.
“Во патната инфраструктура имаме 10 годишна стратегија за изградба на патишта. Планираме 3 милијарди евра за патишта и други инфраструктурни проекти. За 50 отсто ќе ги намалиме цените на услугите во катастарот, а ќе ја измениме и казнената полтика. Казните ќе се намалат за 50 отсто, но прво граѓаните ќе добиваат опомени, а не директно да се казнуваат“ рече Бочварски и најави субвенции за домаќинствата кои ќе работат на изолација со трермо фасада на своите домови.
Ангел Данов
Додади коментар