Џудо клубот „Кожувчанка“ од Кавадарци продолжува со успешните настапи од меѓународните првенства. Вчера џудо клубот зеде учество на силниот меѓународен турнир „Мир и пријателство“ кој се одржа во Пеќ - Косово.
На овој турнир учествуваа околу 350 џудисти од клубови од повеќе земји, како од Балканот, така и од пошироко.
На турнирот кавадаречкиот клуб настапи со пет џудисти и освои еден златен, и два бронзени медали и тоа, Благица Колева освои златен медал, а Игнат Петров и Никола Јанев освоија бронзени медали. Миле Плачков го освои петото, а Благој Тодоров го осови четвртото место во своите категории.
Тренерот, Марјан Колев е задоволен од прикажаните борби и истакнува дека репрезентативката Благица Колева која во нејзината категорија сите борби ги доби со ипон и во финале со ипон ја совлада репрезентативката на Австрија.
Исто така добри борби прикажаа и Никола Јанев и Игнат Петров, кој како пионер се бореше во една возрасна категорија погоре, во постари пионери и освои медал.
Благој Тодоров за трето место иако водеше на 20 секунди до крајот, поради едно невнимание доби казна и ја загуби борбата, а Миле Плачков загуби во третото коло.
Овој турнир воедно беше и проверка на формата на нашите џудисти, бидејќи за две недели почнуваат државните првенства на Македонија.
М.В
Додади коментар