Нов лик ќе добие паркот пред гимназијата. Јавното комунално претпријатие дервен изработи проект за реконструкција на зелената површина. Тој предвидува поставување на нова урбана опрема - клупи, корпи за отпадоци, ново осветлување и пешачки патеки. Според предлог планот, обновата на парковата површина ќе чини над 2 милиони денари..
Инаку годинава, комуналното „Дервен“ планира да работи и на одржување на останатите зелени површини во градот.. така во текот на целата година ќе се грижи за ликот на паркот пред општината, во училиштето васил главинов, офицерскиот и младинскиот парк..
Според програмата, комуналното дервен ќе одржува зелени површини од над 150 илјади метри квадратни.. за оваа намена се предвидени скоро 20 милиони денари.
З.Јаневски
Додади коментар