07/11/2015 Ќе се уриваат гаражите на јавното комунално претпријатие „Дервен“ кај населбата Тунел. На нивно место е предвидено да има згради.. Најголем дел од просторот ќе биде наменет за изградба на социјални станови. Ваквата одлука ја донесе општинскиот совет на последната седница.. Комуналкното Дервен ќе добие простор во дворот на касарната..
Измената на генералниот орбанистички план за овој дел од градот ќе овозможи изградба и на колективни згради во горниот дел од дворот на касарната . Овде веќе се почнати градежните работи. Сопствениот на парцелата го расчистува теренот и за кратко ќе се постават темелите на колективната зграда. Од комисијата за урбанизима велат дека измената на генералниот план опфаќа простор од над 40-тина хектари..
Инаку на последната општинска седница се усвои одлуката за припојување на наслебсата Превалец кон урбната заедница „Мирка Гинева“.. со ова ќе се овозможи полесна постапка за легализација на дивоградбите..
На последната општинска седница се донесе и одлуката за припојување на училиштето во Превалец кон „Ввасил Главинов“.
Зоран Јаневски

Додади коментар