Ќе се реконструира покривот на црквата Свети Илија во Г.Бошава
28-01-2016 РЕГИОН

Ќе се реновира покривната конструкција на црквата во селото  Горна Бошава, информираше претседателот на месната заедница Дарко Најдов.

 

„Иако градбата на црквата ја почнавме во 2003 година, покривот протекува при дожд, а дождовните капки оставаат траги и во внатрешноста на верскиот објект. Се уште не ни е направен фрескоживописот токму од таа причина. Иако има заинтересирани, тоа засега се избегнува, се додека не се реши проблемот со протекувањето на покривната конструкција, рече Најдов.

 

По реконструкцијата на покривот  ќе следува фрескоживописот и осветувањето на црквата.

„Завршувањето на оваа работа е многу значајно бидејќи сите кои доаѓаат во селото, без разлика дали потекнуваат или не одовде, најпрво ја посетуваат црквата „Свети Илија“, рече  Најдов и нагласи дека  акцијата за реконструкција ќе ја реализираат сите жители на селото, а финансиите за материјал, се веќе обезбедени.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар