Конечно ќе се реконтруира патниот правец Неготино-Криволак. Пред извесен период општина Неготино го распиша јавниот повик за прибирање на понуди за реконструкција на патниот правец Неготино-Криволак, кој деновиве завршува.
„ Како што им ветивме на граѓаните од населеното место Криволак и на граѓаните од цела општина Неготино, овој патен правец од мостот што се раскрстува за с.Пепелиште и Криволак до самото населено место Криволак во должина од 3 километри треба да го изградиме. Изминатиот период распишавме јавен повик кој овие денови завршува. Министерството за транспорт и врски си ја обави својата должност, а општина Неготино ја подготви целата проектна докумнтација. По изборот на најповолниот понудувач и по изборот на надзорниот орган ќе почнеме со изградба на патниот правец нормално по сите законски регулативи на Република Македонија. Јас очекувам тоа да се случи во период од крајот на месец јули до август, да се започне со работа на терен на овој патен правец кој ќе биде во дочжина од 3 км, а ширина од 5,5 метри како што е за секој регионален патен правец. Бидејќи ова беше една од најкритичните точки каде имавме доста сообраќајки, имавме и тешки последици и затоа одлучивме приматот да го ставиме токму овде не само на барање на жителите на село Криволак но и на наша иницијатива бидејќи преку овој патен правец минуваат многу стопански субјекти. Минуваат возила и на АРМ и долги години е оштетен и одлучивме најмногу да вложиме токму тука. Сметам дека до Нова Година, а може и порано секако доколку дозволат временските прилики да го реконструираме овој пат исто како што го изградивме патот за Долни Дисан. За овој патен правец обезбедени се 22 милиони денари како што на самиот почеток реков тоа го обезбедивме преку Владата на РМ, обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и сметам дека истите ќе бидат рационално искористени бидејќи е предвидено да се гради по сите светски стандарди “- изјави градоначалникот Ванчо Апостолов .
Маја Алексовска

Додади коментар