Ќе се реконструира патот Г.Дисан-Вешје
07-08-2015 РЕГИОН

Преку проектот за прекугранична соработка градоначалникот Ванчо Апостолов и општина Неготино ги обезбедија потребните финансиски средства кои ќе бидат наменети за почеток на изведувањето на работите на терен за реконструкција и асфалтирање на патниот правец Горни Дисан- Вешје. Воспоставената меѓународна соработка меѓу општина Неготино и општина Алмопија резултираше со заедничка работна средба помеѓу претставниците на двете општини. На оваа работна средба градоначалниците на општина Неготино Ванчо Апостолов и градоначалникот на општина Алмопија Димитрос Мпинос извршија и официјално потпишување на Договорот за соработка на заеднички проект меѓу двете општини.

Инаку, покрај овие средства за комплетна реконструкција на овој патен правец за кој веќе е изготвена и техничка документација, важно е да се истакне дека истиот проект е влезен во програмата за меѓународна соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија, потоа преку програмата на Министерството за финансии и Светска Банка за користење на средства од ЕУ ИПА грантот наменети за подобрување на патната инфраструктура, како и преку програмата на Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој и земјоделието на Република Македонија. Тоа значи дека реконструкцијата и асвалтирањето на целиот патен правец Горни Дисан- Вешје во должина ќе биде финансиран од повеќе извори, а дел од средствата ќе ги обезбеди и општина Неготино.

Инаку, финансирањето на инфраструктурни проекти се очекува да придонесе кон подобрување на квалитетот на животот во руралните средини, намалување на разликите помеѓу урбаните и руралните средини во поглед на социо-економскиот развој како и подобрување на конкурентноста на руралните средини.

 Маја Алексовска



Share

Додади коментар