Ќе се реконструира оштетениот дел од кејот на Луда Мара
09-08-2021 РЕГИОН
Дел од кејот на реката Луда Мара, од мостот на ул„ Видео Смилевски“ до наредниот мост на ул „Димката Ангелов Габерот“ кој се градеше во 2013 година е целосно руиниран. Поради тоа овој дел не е во фунцкија на граѓаните кои пешачат по самата патека од кејот.
На нашето прашање, од локалната самоуправа добивме информација дека наскоро ќе се започне со реконструкција со цел, кејот да има целина од овој дел, па се до Ваташа.
Во буџетот се планирани 3,8 милиони денари, а со комплетна реконструкција ќе се опфати делот во должина од 240 метри.
Од општината најавуваат дека за следната година ќе се продолжи изградбата на кејот од улицата „Видео Смилевски“ кон новата болница.
A.Д
Додади коментар