Ќе се реконструира крак од „Методи Џунов - Џико“
28-10-2019 РЕГИОН

 

Оперативата на фирмата „РМК градба“ од Скопје започна со подготовка за реконструирање на крак од улицата „Методи Џунов-Џико“ над поранешната фабрика „Таска“.


Според проектот треба да се отстрани стариот и дотраен асфалт и да се постави тампон. Општината на местото на стариот асфалт ќе постави бехатон плочки. Предвидено е да се реконструира површина од 230 метри квадратни.


Реконструкцијата на улицата е во рамките на Програмата за комунална изградба, а општината го реализира проектото на барање на жителите кои гравитираат кон оваа улица - информираат од локалната самоуправа.

 

 



Share

Додади коментар