Ќе се реконструира влезот во Кавадарци од Росоман
24-08-2015 РЕГИОН

Влезот во Кавадарци од северната страна или од страната на Росоман ќе се реконструира. Таму општината ќе реализира проект кој тежи околу 20 милиони денари, а опфаќа проширување на сообраќајницата, изградба на тротоар, негово осветлување, а реконструираниоит влез ќе добие и улично осветлување.

„Оваа делница според новото урбанистичко решение наместо претходните 27 метри широчина сега се намалува на 16 метри каде ќе се реализира булеварско решение. Ќе се трасира коловоз со четири ленти, секоја широка по 3 метри, како и тротоар за пешаците, од двете страни на булеварот со широчина од 2 метри. Исто така ќе има и хортикултурно уедување и улично осветлување. Проектот ќе чини околу 20 милиони денари. Јавен повик до сите заинтересирани компании да учествуваат на овој тендер, постапката ни е во тек. Се надевам дека во месец септември кога ни е и празник на општината ќе започнеме со реализација на овој проект“ рече на денешната прес конференција градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов.

 

За оваа делница веќе е во завршна фаза и процесот на експропријација на земјиштето, по што се очекува да започнат и градежните работи. Вкупно се поведени 41 постапка од кои 27 се на територијата на катастарската општина Кавадарци, а 14 се однесуваат на земјиште вон градот. Најголем дел од граѓаните веќе потпишаа спогодбени решенија со општината.

„ Над 2 милиони денари потрошивме само за екпсроппријација. Процесот ни е почнат пред две години.Таму каде што имаме разбирање вршиме експропријација, таму каде немаме завршуваме пред надлежните судови. Она што е крајната цел проширување на овој влез, ќе го реализираме во текот на наредните години.“ рече Панов.

 

Проектот за реконструкција на Западен булевар би требало да се заврши до мај наредната година.

„Планираме до мај наредната година да биде се завршено. Намерно го избираме зимскиот дел кога може да се вршат земјените работи, а асфалтирањетро да биде во почетокот на пролетта.“ рече Панов.

Ангел Данов



Share

Додади коментар