Општината во соработка со јавното претпријатие за државни патишта ќе го проширува патот покрај езерото младост.. приоритет е потегот од бродот па се до мотелите.. сеуште нема прецизен рок кога ова ќе се прави но од локалната самоуправа велат дека се во постојана комуникација со јавното претпријатие..
од претпријатието за државни патишта потврдуваат дека се размислува за проширување на дел од патот покрај младот.. директорот љупчо ѓорѓиевски вели дека моментално се утврдува буџетот на претпријатието за идната година и се прават напори и овој патен правец да влезе во годишниот буџет..
Инаку неодамна се прошири и патот кој води до езерото.. стар асфалт се поставува на краевите од патот.. со ова патниот правец е поширок за скоро два метри..
З.Ј
Додади коментар