Ќе се доградува колекторскиот систем во Кавадарци
26-03-2018 РЕГИОН

 

На претпоследната седница советот на општина Кавадарци одлучи општината да се вклучи и со свои финансии во реализацијата на проектот „изградба на дел од главен колектор за отпадни води до прочисистителна станица.

 

Овој проект опфаќа доизградба на главниот колекторски систем во должина од 300 метри, а ќе чини близу 3 милиони и 700 илјади денари.

 

2 милиони денари од вкупната сума ќе се обезбедат од Министерството за животна средина и просторно планирање, а општината во проектот ќе се вклучи со еден милион и седумстотини илјади денари, пари од буџетот.

A.Д



Share

Додади коментар