Ќе се гради кружниот тек кај авона.. Локалната самоуправа ги добила сите потребни дозволи за реализација на проектот.. Режимот за кружно одвивање на сообраќајот ќе ги опфати сите пет улици од оваа раскрсница.. Од општина велес велат дека во текот на изградбата, овде ќе се одвива времен режим на сообраќајот.. Градоначалникот славчо чадиев вели дека проектот ги минал сите законски процедури и за кратко време ќе се издаде и градежната дозвола..
За изградба на кружниот тек ќе се отстранат три времени објекти од овој простор.. Ќе се одземе и дел од печшачката зона пред фонтаната.. Според локалните власти регулирањето на сообраќајот со изградба на кружен тек ќе го забави движењето на возилата кои доаѓаат од трговскиот центар.. Со ова ќе се зголеми и безбедноста а речиси целосно ќе се елиминираат и сообраќајните несреќи..
Изградбата на кружниот тек е дел од програмата за уредување на градежно земјиште.. За овој проект општината ќе инвестира околу 8 милиони денари.
З.Ј
Додади коментар