Ќе се гради водоводна мрежа во „Брушани“ - потпишан договорот
15-07-2021 РЕГИОН
Потпишан договор за изградба на водоводната мрежа во населба Брушани во износ од 21,901,643 денари.
Со реализацијата на овај проект ќе се изградат 4,755 метри примарна мрежа и секундарна мрежа во должина од 10,627 метри.
Проектот ќе се реализира во три фази и ќе се постават 600 нови приклучоци.
Овој проект ќе се реализира од програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти - информираат од локалната самоуправа.

Додади коментар