Во организација на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, денеска во големата сала на општина Неготино се одржа работилница за кодизајнирање на кампањата за вработување на 5 најдобри студенти од ВПР во компании од регионот.
Проектот „ Кампања за вработување на 5 најдобри студенти од Вардарски плански регион во претпријатија на Регионот “ е во рамки на проектот „ Мрежа за инклузивен развој на вардарски плански регион“, а е финансиран од Програмата за развој на обединетите нации- УНДП со средства во висина од околу 340.000 денари.
На оваа работилница воведно обраќање имаше раководителот на Центарот за развој на ВПР, Марко Колев и Илмиасан Даути, специјалист за меѓуопштинска соработка –УНДП Сектор за добро управување. Целта на оваа работилница е да се дизајнира кампања за вработување на успешни студенти од ВПР во претпријатија од регионот, како и нивно запознавање со компаниите од Регионот.
Бенефитите од оваа кампања се очекува да ги почуствуваат невработените лица односно студенти кои во последните 5 години постигнале врвни резултати во студирањето а се заинтересирани за вработување во приватните претпријатија од регионот, образовниот систем, Агенцијата за вработување и општините.
Исто така, беа презентирани и активни програми и мерки за вработување на млади и невработени лица како и презентација на искуството на општина Гевгелија во кодизајнирање и имплементација на социјална маркетинг кампања.
Маја Алексовска
Додади коментар