Ќе протестираат вработените на „Еуроникел индустри“- Државата не им исплаќала поврат на ДДВ
21-11-2023 РЕГИОН

Вработените во „Еуроникел индустри“ за во четврток  најавија блокада на патот Кавадарци – Дреново. На ваков чекор се одлучиле поради тоа што државата не им го исплаќа повратот на ДДВ, а во овој момент тоа бил единствен начин да се обезбедат пари за октомвриската плата.

 

„ Нема друг начин да исплатиме плати, ГСОЛ се откажа од фабриката, а државата еве не ни го исплаќа ДДВ и нема објаснување зошто не ни исплаќа. За август УЈП ни должи 1,2 милион евра, пари со кои два месеца можеме да исплатиме плати и придонеси, а веќе ќе ни стигне и извештајот за исплата на повратот на ДДВ за септември, кој изнесува 1,1 милион евра. Секаде се обративме, никој не ни помага, па за да не чујат, ќе излеземе на улица“, вели претседателот на синдикалната организација, Миле Ѓорѓиев.

 

Синдикатот најавува и порадикални мерки, односно проширување на блокадите и на други патишта. Велат дека се спремни да ја поддржат секоја компанија што ќе се понуди да ја преземе фабриката со вработените за да не се отвори стечај.

 



Share

Додади коментар