Ќе плаќаме ли поскапа струја од август?

Од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика која треба да биде соопштена денеска зависи каква цена ќе плаќаат македонските граѓани од 1 август.

Нова цена на струјата може да биде повисока и за 10%, претходно информираа извори од енергетските компании.

 

 Од вкупната цена на струјата што ја плаќаат граѓаните, 50% отпаѓа на ЕЛЕМ, 44% на ЕВН и 6% на преносот односно на МЕПСО.

 

 Минатата година цената на струјата поскапе за 3,5%.



Share

Додади коментар