Ќе наводнуваат и лозарите од Ресава и Бегниште
06-08-2013 РЕГИОН

„Во наредните 5-6 години само во овој регион ќе инвестираме околу 5 милиони евра. Од наредната година стартуваме со нови проекти. Ќе се возобноват  пумпните станици Марена,  Љубаш, Сопот, со што сметаме дека директно ќе влијаеме на добро водоснабдување. Планираме изградба на нови системи. Знаеме што значи Тиквешијата за земјоделството и имаме достојна почит. Во сите програми се одвојуваат средтва за земјоделците од овој крај“ рече заменик министерот за земјоделсто, Зоран Коњановски кој денеска ја пушти во работа пумпната станица наТиквешкото Езеро изградена за полевање на најлозарскиот дел во Тиквешијата, „Сува Гора“ или површините со лозови насади во селата Ресава и Бегниште.

Со помош на оваа пумпа ќе се наводнува површина од околу 200 хектари. За изградба на овој систем инвестирани се 16 милиони денари, пари на Водостопанство Тиквеш и пари од повеќе владини програми.

„ Едната пумпа ќе исфрла 30 литри во секунда на надморска височина од  440 метри и пумпата кај што се зафаќа водата варира од кота 245 до кота 240“ рече директорот на Водостопанство Тиквеш, Љубе Димов.

 На денешната свеченост по повод пуштањето во функција на системот за наводнувае на овој дел од општина Кавадарци, кој досега никогаш не се наводнувал дојдоа и многу жители на Ресава и Бегниште. Тие се презадоволни што ќе можат да го зголемат родот од своите лозови површини, но и да проиизведат квалитетно грозје.

 „ Приносите сега ќе ни се качат за 40-50%, квалитетот ќе се подобри“ рече Ристо Милев, директор на АД „Гоце Делчев“. Оваа компанија со водатаод овој систем ќе наводнува лозови насади со површина од околу 70 хектари.

“Се што им ветивме на жителите на Ресава и Бегниште со помош на владата и реализираме. Немаа вода за пиење, пат, вода за наводнување. Еве сега сто проценти ги исполнивме тие ветувања“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов и најави вакви и други крупни проекти во општината и за следниот период.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар