Ќе започне со работа базенот во Кавадарци
30-06-2014 РЕГИОН

За десетина дена кавадарчани ќе можат да се разладуваат во водите од градскиот базен. Таму деновиве интензивно се работи и би требало многу брзо да се отпочне со работа за да можат најмладите да ја се рекреираат во сезоната за капење. И годинава базенот ќе работи во постоечките димензии, како олимписки базен, а веќе за следната година се очекува базенот да биде преуреден во аква парк. За ова општината ќе спроведе постапка за јавно приватно партнерство.

„Пресметавме дека ова година ќе ја испуштиме сезоната доколку влеземе уште од сега во јавно приватно партнерство и поради тоа последната одлука на советот беше базенот да се издаде на стопанисување на спортската сала Јасмин, односно таа да го издаде на одреден интересент. Некаде во септември, откако ќе заврши сезоната, ќе се започне и со реализација на проектот за јавно приватно партнерство“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов и  најави дека концептот за аква парк останува. Олимпискиот базен ќе биде преуреден во аква парк . Ќе бидат внесени нови содржини.

Директорот на спортската сала „Јасмин“, Сашко Атанасов,  рече дека одлуката за издавање под концесија за шест месеци на базенот е помината на управен одбор на „Јасмин“. И тој најави отпочнување со работа на базенот за десетина дена, а веќе за наредната година може да се очекуваат многу новини.

А.Данов

 



Share

Додади коментар