Јованчев: Претседателот на СДСМ Кавадарци неосновано се заканува - документите го демантираат
05-02-2020 РЕГИОН
На барањето за извинување од претседателот на ОО СДСМ Кавадарци, Горан Тодоров денеска со реакција се огласи претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев.
 
 
(интегрален текст) Претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци Горан Тодоров неосновано се заканува. Горан Тодоров е исплашен. Ова е документот со кој АХВ кажува дека компанијата каде тој е директор нема добиено дозвола. 
 
 
Во овој документ АХВ, со потпис на Зоран Атанасов, како директор на АХВ, а кој воедно е и претседател на Комисијата за земјоделство на СДСМ потврдува дека означувањето и презентирањето на производот се сметаат како измамнички и се во спротивност со законите.
 
Горан Тодоров го демантираат документите, како овој.
 
 
Дополнително повеќе медиуми кои се обратиле до АХВ пишуваат дека компанијата каде Тодоров е директор врши измама на потрошувачите.
 
ВМРО-ДПМНЕ пренесе во јавноста факт кој е издаден од државна институција. Оттука заканите на Тодоров се само обид за заплашување, кој не поминува.
 
 
Се ближи 12 април. Одговорност за лагите и измамите ќе има.


Share

Додади коментар