Со реакција на објавените цени за откуп на винското грозје што ја разбрануваа тиквешката јавност, се огласи и пратеникот Зоран Јованчев:
(интегрален текст од неговиот пост на фејсбук) Штотуку остварив разговор со одговорните лица во винаријата Мовино. Изразив револт поради објавените цени од страна на винаријата за оваа реколта,којашто не само што е неприфатлива туку е срамна и потценувачка на трудот на лозарите. Од страна на винаријата добив ветување дека овие цени ќе бидат корегирани во заеднички договор помеѓу лозарите и винариите. Исто така сакам да Ве информирам дека уште во средата побарав состанок со претседателот на здружението Напредни лозари, Трајче Кулев и до денес немам добиено одговор за евентуална средба.
Без разлика дали здруженијата ќе застанат во заштита на лозаропроизводителите или ќе подлегнат на политички и други притисоци, јас како народен пратеник и лозаропроизводител ќе се борам рамо до рамо со лозарите за добивање на пристојни цени на грозјето преку било која форма на дејствување.
Мојот телефонски број е секогаш достапен за сите жители на Тиквешијата.
078 372 752

Додади коментар