По залагањето на Градоначалникот Митко Јанчев заедно со Комерцијална Банка АД Скопје за стечајната постапка за Еуроникел Индустри, на 22.03.2024 година се склучи договор за продажба на фабриката Еуроникел Индустри од страна на Комерцијална Банка АД Скопје со компанијата Polynickel Holding BV, која е дел од групацијата Yildirim Group, а преку новоформираната компанија Дабл Игл ДООЕЛ - информираат во соопштението од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Општина Кавадарци и Комерцијална Банка се среќни што оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и пред се ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании кои се директни добавувачи на фабриката.
Општина Кавадарци со Градоначалникот Митко Јанчев и Комерцијална Банка АД Скопје ќе се залагаат според сите правни и законски можности, заедно со стечајнииот управник, преку стечајната постапка на Еуроникел Индустри, да се обештетат вработените и сите останати доверители - стои во соопштението од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Додади коментар