Јанчев: Само мојот противкандидат и неговата партија не го разбрале мојот проект „Мој општинар“
07-10-2017 РЕГИОН

 

Нашите проекти се реални и издржани. Нудиме решенија кои ќе бидат трајни и во нашата програма имаме иновативни проекти со кои ќе го ставиме Кавадарци на прво место. Вие почитувани граѓани во целост го прифативте нашиот проект „МОЈ ОПШТИНАР“.

 

Разбравте дека со тој проект ќе се заштити општинскиот имот, ќе се решаваат проблемите на дневна основа и ќе имате увид во инвестициите на општината.

 

Мојот противкандидат 3 години е пратеник и се уште нема своја канцеларија во која ќе ги прима граѓаните. Нека каже со колку граѓани остварил средба и дали некогаш бил меѓу граѓаните и дирекно ги запознал нивните проблеми!?

 

Очигледно само тој и неговата партија не го разбрале проектот „МОЈ ОПШТИНАР“ кој е вооедно и прв ваков во Македонија. Од моето функционирање како управител на мојата фирма па се до ден денес секогаш сум бил достапен до сите граѓани, сум  помагал и сум ги слушал нивните проблеми. Со мојата функција градоначалник тој отворен пристап ќе стане уште поголем и ќе има минимум еден ден отворен за граѓаните. Овој проект ќе создаде уште поголема поврзаност со целиот град.

 

Секој ден јас и мојот тим ќе бидеме информирани за сите проблеми на кавадарчани, не мора да го чекаме тој отворен ден во неделата за да слушнеме за Вашите проблеми.

Мојот противкандидат сосема поинаку го разбрал нашиот проект, не знам дали поради стравот од тежината на овој проект или поради стравот од неуспех на престојните избори - се вели во писмената реакција на кандидатот за градоначалник Митко Јанчев  на денешниот прес на неговиот противкандидат Бетиан Китев .



Share

Додади коментар