Јанчев ги започна средбите со граѓаните - синоќа ја побара поддршката од жителите на село Ваташа
29-09-2021 РЕГИОН

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа предизборен митинг во селото Ваташа на кој беа претставени кандидатот за градоначалник, Митко Јанчев и советничката листа.

 

Кандидатот за градоначалник Митко Јанчев  пред ваташани се осврна на реализираните проекти во изминативе 4 години, а им ги претстави и проектите предвидени во програмата за чија реализација ја побара повторно поддршката од жителите на село Ваташа.

 

„Имавме голем успех. 2017 година беше само еден почеток. 2017 година кога овде зборувавме за проекти,  опонентите од другата страна беа толку скептични,  што мислеа дека не знаеме што зборуваме. Сега кога ја  гледаме Ваташа, кога го гледаме Моклиште, изградениот кеј, изградената велосипедска патека. Споменикот на 12 сте ваташки младинци го издигнавме на едно високо ниво.  Гордост е да се кажиш дека си од Ваташа и си со Ваташа. Напарвивме многу улици, водоводни и канализациони линии. Кејот целосно се заврши. Дневно на велосипедската патека имаме по 2000 до 3000 посетители кога е убаво времето.  Ваташкото училиште е прво во општината кое  е целосно климатизирано. Во училиштето ги има сите модерни услови за настава“ рече Јанчев.

 

Тој  истакна дека веќе е започната изградбата на спортската сала во училиштето во Ваташа и ќе биде завршена во наредните три месеци, а од јануари ќе биде во функција. Најави изградба на водоводна, канализациона мрежа и фекален  колектор од Моклиште во Ваташа.

 

„Втор поголем проект кој е особено важен и за Ваташа е заобиколницата од „Маренските уши“ до Катуниште. Првиот дел ќе го започнеме од Катуниште и ќе завршиме до Југо комерц. Тешкиот товарен сообраќај ќе се дислоцира од селото.  Доколку успееме да го отвориме и граничниот премин Пулевац, проект кој зависи од многу страни, а има позитивна атмосфера, ви гарантирам дека Ваташа,  со тој премин ќе биде туристичко место. Имаме проект и за чистење на речното корито, реновирање на игралиштето и сублекувалните  на ФК Габер“ им најави на ваташани Јанчев .

 

На митингот беше претставена и советничката листа чии носител е д-р Стојанчо Рамов. Тој ја побара поддршката од ваташани, за како што рече ВМРО-ДПМНЕ да има мнозинство во советот и да може советот да работи без уцени.

 

„Се работи за лица кои се општествено докажани  во нивните професии, лица кои имаат оставено белег во својата професија. Заедничката работа ќе биде сигурен знак дека сегашните и идни генерации ќе го продолжат своето живеење во Кавадарци“ рече Рамов.

 

А.Д



Share

Додади коментар