Јавните институции во Кавадарци задоволни од бенефитот што го добиваат од фотонапонските панели
28-09-2023 РЕГИОН
Општина Кавадарци е единствена општина во Република Македонија која изминатата година постави фотонапонски панели на сите јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час.
 
 
На сликите во прилог можеме да ја воочиме моќноста од фотоволтаиците, моменталната моќност на потрошувачи и моќност кон/ од мрежа за секој објект и секако еден приказ дека општинските објекти сами обезбедуваат вкупно 99 проценти од електричната енергија. Во Кавадарци реализацијата на ваквиот иновативен проект придонесе за заштита на животната средина, подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, напредок во образованието бидејќи овие панели работат на користење на обновливи извори на енергија.
 
 
 
 
 
 
Кавадарци уште еднаш, со ова покажа дека со домаќинско работење и со незначителни средства сепак, произлезе бенефит кој што го користат граѓаните на Општина Кавадарци - велат од локалната самоуправа.
 


Share

Додади коментар