Јавна благодарност од Ником
27-08-2024 РЕГИОН

Управата на Ником ДОО Кавадарци упатува јавна благодарност за сите кои помогнаа во гаснењето на пожарот кој настана во нивната фабрика.

 

„Посебна благодарност упатуваме до службите на ТППЕ Кавадарци, градоначалникот на општина Кавадарци д-р Митко Јанчев, екипите на МВР Кавадарци, ЈП Комуналец, Голд Никел, ШС Бор, екипите на ТППЕ од Велес и Неготино, како и на општествено одговорните фирми, „Кожувчанка“, „Градба промет“, „АС Машини“ и „Слога пром“ од Кавадарци. 

Најголемо признание оддаваме на пожарникарите од ТППЕ Кавадарци кои несебично и пожртвувано се бореа со огнените стихии и на градоначалникот на општина Кавадарци, д-р Митко Јанчев, кој со постојаната негова присутност, хуманост, солидарност и посветеност ни помогна во овие тешки моменти за нас“ - стои во јавната благодарност.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар