Ѓорѓи Шемов ветува нов успех на следната олимпијада
18-07-2013 РЕГИОН

“Едноставно не постојат зборови со кои можам да го опишам чувството да се натпреваруваш со твои врсници од цел свет“ вака средношколецот, Ѓорѓи Шемов, кој сега ќе биде ученик во трета година во кавадаречката гимназија  „Добри Даскалов“ го започна разговорот со нас. Среќен е што по втор пат добива високи резултати на едно светско натпреварување. Од меѓународната олимпијада што неодамна се одржа во САД, се врати со сребрен медал. Ново искуство за него, но и поттик за понатамошни истажувања и подготовка на проекти.

Шемов во изјавата за КТВ открива: “Неколку пати бев на терен. Пронајдов два ендемични вида растенија (Violla Asharica и Tymus Alsharensis). Потоа одев во универзитетска лабораторија за да видам кои елементи се присутни во нив. Се потврди дека тоа се растенија единствени од таков вид на Балканот - кои не можат без талиум иако тој е еден од најтоксичните елементи. Присуството на талиум кај нив беше тројно поголемо од дозволеното. Затоа сите животни од околните села умираат ако пасат од нив - ни објасни тој за дел од проектот. (повеќе во видео изданието на вестите)

A.Данов



Share

Додади коментар