Разиграни и весели, со песна и игра, 50-тина штитеници кои престојуваат во дневниот центар за лица хендикеп Порака го пречекаа градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој издвои време да присуствува на нивната забава по повод Новогодишните и Божикните празници.
Во пријатна и релаксирана атмосфера дел од штитениците изведоа пригодна програма, а за возврат градоначалникот Делков кој рече дека секогаш се чувствува пријатно меѓу нив им подели новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Делков на сите штитеници им ги честиташе празниците кои доаѓаат и им вети дека секогаш е подготвен да им излезе во пресрет на нивните потреби и барања.
Од лично име и од име на штитениците јавна благодарност за подароците и одличната соработка изрази директорката на Порака Гордана Трајковска која ја искористи можноста на градоначалникот Делков и на сите граѓани да им ги честита Новогодишните и Божикните празници.
Додади коментар