Шеќеринска од Кавадарци: „ Не може земјоделието да зависи од тоа кога во Македонија ќе има избори“
06-09-2014 РЕГИОН
Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска вчера попладне со раководството на ОО Кавадарци беше на Гроздобер. Се сретнаа со кавадарчани, а во изјавата за медиумите таа на лозарите им посака среќен Гроздобер , успех и подобри денови.
„Не може земјоделието да зависи од тоа кога во Македонија ќе има избори. Поплаките коишто ги чувме и денеска во Кавадарци се дека еден голем процент од субвенциите, коишто требаше да бидат целосно исплатени до крајот на јуни, сеуште доцнат, не се исплатени“ рече меѓу другото Шеќеринска, а одговори и на новинарски прашања Какво ќе биде дејствувањето во услови кога СДСМ е надвор од Парламентот и како локалното раководство се справува со проблемите.
A.Д
Додади коментар