Шеќеринска на средба со неготинци
06-10-2015 РЕГИОН

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска вчера беше во посета на Неготино каде се сретна и оствари средба со граѓаните од општината. на оваа средба граѓаните со заменик претседателката Шеќеринска ги споделија проблемите со кои се соочуваат. Го истакнаа проблемот со откупот на грозјето, ниските цени, пласманот Шеќеринска рече дека СДСМ има визија какво општество ќе гради, заедно со граѓаните. СДСМ е помеѓу граѓаните за да разговара за нивните проблеми и за тоа како Македонија да добие добра власт.

 

„ Нашата визија, Визијата за Македонија ја ставаме пред граѓаните, пред вас, да дебатираме, да разговараме, да го слушнеме вашето мислење.  Целта ни е да создадеме програма, не напишана во канеларии, туку на терен, заедно со граѓаните. Само така Македонија ќе добие подобра власт на којашто на прво место ќе и биде човекот, граѓаните“ рече Шекеринска.

 

Шеќеринска додаде дека со вчерашната трибина од Неготино започнува организацијата на трибини низ цела Република Македонија во текот на кои, во овие 5 недели, ќе ја дефинираат Визијата за Македонија. Ќе зборуваме за проблемите коишто ги мачат граѓаните, ќе зборуваме за нашите решенија, но, ќе понудиме и шанса на сите, граѓани, невладини организации, здруженија, заинтересирани страни, да кажат кои се нивните предлози, кои се нивните барања од следната власт во нашата држава- истакна Шеќеринска.

 

На трибината неготинци се пожалија на проблемите кои ги мачат со немањето континуирано водоснабдување, но и нефункционирањето на гинеколошко-акушерскиот оддел во Здравствениот дом во Неготино, поради што жените од Неготино мораат да се пораѓаат во други градови.

Маја Алексовска

 



Share

Додади коментар