Шест пациенти со малигни заболувања откриени со мамографот во болницата во Кавадарци
23-02-2017 РЕГИОН

Загрижувачки се податоците кои доаѓаат од кавадаречката болница во поглед на малигните заболување кај жените.


На современиот апарат за мамографија кој беше инсталиран кон крајот на септември минатата  година биле прегледани 500 пациенти. Од нив кај шест било потврдено малигно заболување, додека 27 случаи биле сомнителни и испратени на дополнителни испитувања.


 
Од директорот на болницата, д-р Орцо Ангеловски  дознаваме дека кај шесте пациенти болеста била во напредната фаза, додека кај 27 те случаи  најверојатно се работи за почеток на болеста.


Доколку се вршат редовни контроли и болеста се открие во почетна фаза шансите за успешно лекување се големи- велат лекарите.
За преглед на мамографот во кавадаречката болница се закажува преку„ мој термин“ и на пациентите од тиквешијата им се овозможи оваа услуга да ја добијат и во Кавадарци наместо да патуваат во Велес, Неготино или пак во Скопје, каде се чекаше и по неколку месеци за прегледи.

A.Д



Share

Додади коментар