Шест нови случаи на корона вирус во Тиквешијата
07-10-2020 РЕГИОН

Четворица во Кавадарци и двајца во Неготино се позитивни на ковид 19 во последните 24 часа, потврдија од центарот за јавно здравје.

 

Заболените се на возраст од 25 до 71 година.

 

„Петмина од позитивните се со симптоми на вирусот, а еден нема симптоми. Двајца од заболените биле во контакт со позитивен, а останатите не знаат како се заразиле. Еден заболен на 69 годишна возраст е хоспитализиран, а останатите се на домашно лекување“ рече за КТВ, епидемиолог, д-р Ристе Јовановски. 

 

А.Д



Share

Додади коментар