Повторно започна да расте бројот на нови позитивни на корона вирусот. Денеска се дијагностицирани шест нови случаи во последните 24 часа во Кавадарци.
„Позитивни на вирусот се 2 мажи и 4 жени на возраст од 21 до 58 години. Двајца од нив имале контакт со позитвивен, а останатите не знаат како се заразиле. Сите се на домашно лекување“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Лекарите објаснуваат дека зголемениот број се должи на неодговорниот однос на граѓаните. Се помалку се почитуваат превентивните мерки за заштита, заштитни маски речиси ретко кој носи, а не се одржува ниту дистанца. Посебно е трагично тоа што се уште има луѓе кои не веруваат дека вирусот постои - коментираат лекарите.
Вчера во Кавадарци беа дијагностицирани два нови случаи. Забоелните беа на возраст од 56 и 61 година, еден од нив е хоспитализиран на инфективно одделение во велешката болница.
Вчера и денеска за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 17 лица во Кавадарци и девет во Неготино.
А.Д
Додади коментар