Шест лица им помагаа на 24 стари, болни и изнемоштени
30-11-2015 РЕГИОН

Набавка и достава на лекарства,  храна, плаќање на месечните сметки за струја, телефон, вода беа обврските на шест лица кои беа  вклучени во проектот за општо  корисна работа, односно се грижеа за помош на стари и изнемоштени лица кои сами неможат да ги завршат секојдневните обврски. Тие беа дел од програмата за општо корисна работа што се финансира од УНДП, а се реализира во соработка со АВРМ, Центарот за социјални работи и има за цел да го унапреди системот на социјални услуги.  Ова програма придонесе  и за охрабрување и постепено вклучување на невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. Нивниот ангажман траеше шет месеци со скратено работно време од по 20 работни часа неделно.

За услугите што им ги пружеа на постарите лица добиваа месечен надомест од 6200 денари.

 

Со овој проект беа опфатени 24 корисници, односно секое ангажирано лице со проектот опслужуваше по 4 корисници.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов денеска на лицата ангажирани по проектот им додели потврди за успешно завршена општо корисна работа. Нагласи дека резултатите од проектот се повеќе од позитивни.

 

„Се работи за благороден проект, кој веднаш го прифативме. Шестмина наши сограѓани,  помлади од тие на кои им треба помош  беа составен дел од домовите на овие стари лица. Им помагаа во набавките на намирници, во домашните работи. Со скепса се гледаше во почеток на овој прокет дека нема да успее. Ги видов задоволните лица на луѓето  кои беа ангажирани но и и на старите лица во чија услуга беа. Овој проект лично ме трогна. Има многу емоции.  Ќе изнајдеме начин и како после декември да одделиме одредена сума финансии за овие лица да помагаат и понатаму, а по изборите да си влезат во еден редовен тек и да си продолжи овој проект, бидејќи од него  нема ни една несакана последица, има само позитвни работи и многу емоции. “ рече Панов.

Ангел Данов



Share

Додади коментар