Четири прекршувања на полицискиот час на територија на СВР Велес
05-05-2020 РЕГИОН

Во текот на изминатото деноноќие,04/05.05.2020 година,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувале четири лица, и тоа, по две во Велес и во Неготино.  

 

Во овој период нема нови регистрирани лица со Решенија за изолација, а со Изјава за самоизолација има дeвет нови лица, и тоа, седум во Велес и две во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 101 лице, од кои 75 во Велес, шест во Кавадарци и 20 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 60 лица, од кои 43 во Велес, седум во Кавадарци и 10 во Неготино.

 

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.



Share

Додади коментар