Четири пожари гаснеле вчера во Кавадарци пожарникарите од кавадаречката територијална противпожарна единица, соопшти денес нејзиниот командир Илчо Богевски. Првиот пожар бил близу спомен костурницата во градот, а во вториот се запалило електрично сандаче во селото Марена. По трет пат интервенирале кога се запалил контејнер во центарот на градот а четвртиот и најголем пожар бил синоќа кај Брушанското маало во Кавадарци.
-Во брушанското маало со 7 пожарникари и три противпожарни возила учествуваме во гаснење на пожарот кој ја зафати околната трева и ниски стебла. Поради непристапноста на теренот пожарот го гасневме со вода влечејќи ги цревата од противпожарните возила но и со противпожарни метли-кажа Богевски.
Причините за пожарите се утврдуваат. Богевски апелираше до кавадарчани да бидат повнимателни на овие високи температуре кога и условите за настанување на пожари се поголеми.
С.Д
Додади коментар