Четири нови случаи на Ковид во Кавадарци, еден починат и еден нов случај во Неготино
14-08-2020 РЕГИОН

Една жена на возраст од 69 години од Кавадарци денеска починала на инфективна клиника во Скопје, а дијагностицирани се четири нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци, потврдија од Центарот за јавно здравје.

 

„Најмладиот пациент е на возраст од шест години, останатите се на 35, 37 и 45 години. Сите се на домашно лекување и се со лесна клиничка слика. Работиме на утврдување на нивните контакти“ рече за КТВ епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 


Тој исто така информира дека еден нов случај денеска е дијагностициран и во Неготинo.

 

А.Д



Share

Додади коментар