И во Тиквешијата се зголемува бројот на позитивни на корона вирусот. Денешната статистика од Центарот за јавно здравје Кавадарци покажува тројца нови позитивни во Кавадарци и еден нов случај во Неготино. Позитивните се на возраст од 30 до 60 години, три се жени, а еден е маж. Меѓу позитивните во Кавадарци има уште една позитивна наставничка од основно училиште.
„Преземени се сите мерки и учениците на позитивната наставничка се во изолација. Од новите позитивни тројца се со симптоми, а еден е без симптоми. Еден од нив имал контакт со заболен, а останатите не знаат како се заразиле. Сите се на домашно лекување“ рече за КТВ епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.
Денешниот случај е втор случај на позитивен наставник од кавадаречко основно училиште.
А.Д
Додади коментар