Четири нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци
20-08-2020 РЕГИОН
Четири нови случаи на Ковид 19 се евидентираат денеска во статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци. Новите позитивни на вирусот се на возраст од 14, 19, 46 и 53 години.
„Пациентите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Тројца потекнуваат од семејства каде веќе има позитивни, а едниот не знае како се заразил“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Тој нагласи дека се работи на утврдување на контактите на новите позитивни случаи.
А.Д
Додади коментар