Четири милиони денари за комунална изградба во Ваташа (видео)
02-07-2021 РЕГИОН

Нова водоводна линија и целосно нов слој на асфалт се постави на улицата пред спомен домот во Ваташа и детската градинка. Асфалтирањето беше завршено во текот на вчерашниот ден, а беше асфалтирана површина од 680 метри квадратни. Градоначалникот Митко Јанчев во изјава за КТВ најави дека за селото Ваташа од буџетот за комунална изградба ќе бидат издвоени 4 милиони денари.

 

-        „ За 2021 година во селото Ваташа е планирано асфалтирање на улицата пред домот и градинката. Претходно ЈП Комуналец ја смени водоводната линија. Исто така за асфалтирање е улица „Моклишка“, улица „Ванчо Николовски“ – спој со „Боро Ваташки“, имаме прередување на бекатон коцки и улица „Пане Џунов“ -изградба на тротоар. Целокупната инвестиција на овие проекти е 4 милиони денари. Сите тие се отпочнати и се во завршна фаза и оваа недела треба да бидат завршени. За десетина дена ќе го обелодениме стартот на изградба на спортската сала во училиштето“ изјави Јанчев.

 

Во изминатиот период интензивно хортикултурно се уредуваа повеќе површини во селото.

 

-        „Од Моклиште до споменикот на „12-те  другари има хортикултурно уредување. Селото добива комплетно уредување од тревници, дрвореди, цвеќиња. Така да во оваа средина се движат многу луѓе кои рекреираат накај Моклиште,  на кај патеката и имаме еден нов модерен изглед на село Ваташа“ вели Јанчев.

 

Се работи и кај зградите „Силекс“. Таму се уредува двор од комплексот згради, а се работи и на изградба на паркинг.

 

-        „Во изминативе три години се среди предниот дел  на овој дел. Се постави подземно наводнување, нови тревни површини, хортикултурно уредување и улично осветлување. Оваа година успеавме во задниот дел,  каде се оформи кејот да отстраниме околу 30 лимени гаражи,  кои беа диво поставени. Ова ќе се уреди партерно со  1000 м2  бекатон коцки. Жителите ќе можат да го користат како пристапен пат до самите згради,  но и како паркинг. Ќе има и хортикулутно уредување“ додава Јанчев.

 

A.Д

 



Додади коментар